Испечати

Јегер - Jegermeister 2

Јегер - Jegermeister 2

Состојки

  • 1 литар лозова ракија
  • 250 гр шеќер
  • 1 чајно лажиче ким
  • 1 чајно лажиче анис
  • 10на зрна кафе
  • 8 зелени оревчиња
  • 3 гранчиња пелин
  • 3 гранчиња маточина (пчелинок)
  • 3 гранчиња нане
  • 1 кора од портокал
  • 1 кора од лимон

Подготовка

Еве уште еден рецепт за домашен Јегер, малку посложен од http://moirecepti.mk/post/%D1%98%D0%B5%D0%B3%D0%B5%D1%80-jegermaister , но и двата подеднакво и неодоливо вкусни и блиски на оригиналот.

Во поголема тегла или стаклен сад кој се затвора ставете ги сите состојки и оставете да стои на топло и сонце. Од време-на време протресувајте го садот.
По 3 седмици процедете го низ газа и соберете го во шише. Послужете и уживајте.