Испечати

Видео рецепт: Солена бајадера

Видео рецепт: Солена бајадера

Состојки

  • 500 гр. пилешко бело месо
  • 200 гр. шунка
  • 300 гр. кашкавал
  • 200 гр. маринирани печурки
  • 5 јајца
  • 200 гр. павлака
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажица масло
  • 10 гр. прашок за печиво
  • 100 гр. златна мешавина (грашок, морков и пченка)
  • сол, бибер, мешан зачин, магдонос и маслинки за декорација

Денес ќе готвиме заедно со Маја, готвач член на нашата веб-страница. Маја ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Солена бајадера.

Овој рецепт се нарекува солена бајадера, веројатно заради вкусната комбинација од месо, кашкавал, јајца и павлака.

Подготовка

Чекор 1: Мешавината од зеленчук сварете ја и процедете ја. Пилешкото месо сварете го во солена вода. Процедете го и изладено исечкајте го ситно.

Шунката исечкајте ја на ленти, кашкавалот на ситно, а печурките исечкајте ги на тенки листови.

Чекор 2: Тавата за печење премачкајте ја па ставете ги месото и мешавината од зеленчук и зачинете по желба. Потоа ставете ги печурките, шунката и на крај кашкавалот.

Чекор 3: Јајцата изматете ги со павлаката, додадете го брашното, прашакот за печиво и зачинете. Прелејте рамномерно во тавата, па печете во загреана рерна на 200 степени, 20 минути.

Чекор 4: Оладената бајадера исечете ја на коцки и сервирајте со декорација од кисела павлака и магдонос.

СОВЕТ: Овој рецепт е вкусен и декоративен, одличен да го послужите кога ќе ви дојдат гости.