Чизкејк залчиња со јагода
Состојки
- 10-тина јагоди
- 100 гр крем сирење
- 2 лажици шеќер во прав
- неколку бисквити
Подготовка
Малку поинаков чизкејк, но многу декоративен. Доколку јагодите ви се поголеми, ќе ви биде полесно за работа, моите беа малечки и со неправилни форми, па малку се помачив, но сепак испаднаа интересни, а и многу вкусни. Состојките се одприлика, не со точни мерки, бидејќи колку што сакате јагоди да направите, така ќе ги планирате и другите состојки.
Крем сирењето го мешаме со шеќерот во прав, а бисвитите ги кршиме ситно. Јагодите ги премачкуваме прво со крем сирењето - само на широкиот дел, до половина, па потоа посипуваме со кршената бисквита.
Редиме на чинија, и уживаме во нивниот вкус =)