Испечати

Видео рецепт: Ловечки компири

Видео рецепт: Ловечки компири

Состојки

  • 800 гр. компири
  • 100 гр. сланина
  • 1 чешне лук
  • 40 гр. путер
  • 2 лажици брашно
  • 250 - 300 мл. млеко
  • 100 гр. кисела павлака
  • малку копар
  • малку магдонос
  • сол и црн бибер

Фичо ќе ни покаже подготовка на компири на ловечки начин, во бешамел сос, со павлака и пржена сланина.

Подготовка

Чекор 1: Компирите излупете ги и сварете ги.p>

Чекор 2: Сланината ситно исецкајте ја и запржете ја на путерот заедно со лукчето. Извадете ја од садот и тргнете ја на страна.

Чекор 3: Во маснотијата во која се пржеше сланината додадете го брашното, пропржете го кратко и додадете го млекото. Мешајте постојано за да не се направат грутчиња во бешамел сосот.

Додадете ја павлаката, малку магдонос и зачинете со сол, бибер и малку копар по вкус.

Чекор 4: Компирите измешајте ги со сосот и наросете пржена сланина. Сервирајте.

СОВЕТ: Наместо со млеко, сосот може да го подготвите со бујон, за да добиете поинаков вид на сос.