Испечати

Шварцвалд торта

Шварцвалд торта

Состојки

  • Пандишпан
  • 8 јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 5 лажици какао
  • Крем
  • 3 пудинга од чоколадо
  • 750 мл млеко
  • 9 лажици шеќер
  • 150 гр чоколадо
  • 150 гр маргарин/путер
  • фил
  • 300 мл слатка павлака
  • 300 гр вишни

Подготовка

Спојот на чоколадо и вишни особено ми се допаѓа, па ова е една од моите омилени торти.
За подготовката најпрво започнете со кремот, за да има доволно време да се излади. Пудингот го подготвуваме на вообичаениот начин и додека е врел го додаваме чоколадото да се растопи. Го тргаме настрана и го оставаме да се излади.

Продолжуваме со пандишпанот. Се двојат белките од жолчките и белките се бијат во цврст снег со постепено додавање на шеќерот. Во снегот од белки се додаваат жолчките, една по една и се бие со миксер додека не се поврзат. Се додааваат брашното и какаото и се мешаат со жица за матење. Се истура во плехот од рерната, обложен со хартија за печење и се печи 20тина минути во претходно загреана рерна на 180 степени.

Маргаринот се бие, па се додава во оладениот пудинг. Пандишпанот го сечеме на три ленти и секоја ја премачкуваме со кремот, па ставаме вишни и потоа слатка павлака. Така ги премачкуваме сите три ленти. Декорираме со преостанатата слатка павлака.