Видео рецепт: Буритос во сос
Состојки
- За ФИЛ ќе ви треба:
- 1 главица кромид средна големина
- 5 чешниња лук
- 2-3 феферони
- 500 гр. мелено говедско месо
- мелен ким, сол и бибер
- 100 гр. кечап
- 1 лажица сенф
- За СОС ќе ви треба:
- 1 лажичка чили во прав
- 500 мл. доматен сос
- ким, сол, половина лажичка шеќер и оригано
- Ќе ви треба и:
- кашкавал Ајдамер
- Начо чипс
Фичо ќе прави Буритос со пикантен фил со месо, во зачинет доматен сос, со рендан мек кашкавал.
Подготовка
Чекор 1: На оган ставете ја Вок тавата да се загрее. Додадете ги исецканите кромид, лук и феферони. Количината на фефероните прилагодете ја според вашиот вкус. Додадете го месото и зачините. Потоа додадете го доматниот сос и сенфот. Динстајте додека да добиете хомогена смеса. Откако ќе се приготви, оставете го на рингла на тивко за да се одржува топлината.
Чекор 2: Во садот за сос ставете ги состојките за сосот и варете тивко додека не згусне.
Чекор 3: Секоја тортиља загрејте ја на тавче, полнете ја и веднаш сервирајте.
Чекор 4: На крај изрендајте кашкавал Ајдамер.
СОВЕТ: За декорација и комплетирање на вкусот користете тортиља чипс.