Испечати

Бомбици со кикирики и лешник‏

Бомбици со кикирики и лешник‏

Состојки

  • 100 гр кикирики
  • 100 гр кокос
  • 1 млечно чоколадо
  • 200 гр бисквити
  • 200 гр лешник
  • 1-2 портокал
  • 5-6 урми

Подготовка

Кикириките, бисквитите и лешниците се мелат.
Ако сакате исецкајте ги на ситно.
Додајте го свежо цедениот сок од портокал и ситно сецканите урми.
Чоколадото стопете го на пареа, а потоа додајте го во смесата.
Замесете хомогена смеса, од која ќе ги формирате топките.
Валкајте ги во кокос и ставете да се изладат.
На здравје