Чоко-карамел розенка
Состојки
- 1 паковање готови розен кори
- фил
- 350гр кристал шеќер
- 500мл млеко
- 250гр маргарин
- 280гр мелен орев
- 150гр мелени бисквити
- 100гр црно чоколадо
Подготовка
Сите варијации со розен кори се прекрасни.
Еве уште една со чоко-карамел фил.
На оган на тивко се става шеќерот да се карамелизира.
Не смее многу да потемни, бидејќи ќе има горчлив вкус.
Потоа се додава млакото млеко внимателно, бидејќи може да прска.
Се остава на тивко на оган се додека не се растопи шеќерот.
Кога е готово се трга од оган и се ставаат маргаринот и чоколадото и пак се враќа на оган 1-2 минути смесата да се изедначи.
Потоа се остава малку да подизлади смесата.
Се додавата оревите и бисквитите.
Убаво сето се промешува.
Со млакиот фил се филуваат розен корите, ред фил, ред кора.
Најгоре се завршува со кора.
Се потиснува со даска за колачи или било кој друг предмет и нека се стегни убаво 3-4 часа.
Потоа се сечи на штангли и се декорира по желба.