Испечати

Видео рецепт: Американски колач со јагоди

Видео рецепт: Американски колач со јагоди

Состојки

  • За TEСТО ќе ви треба: (чаша 200мл.)
  • 3 чаши (400 гр.) брашно
  • 2 чаши (400 гр.) шеќер
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка цимет
  • 1/2 чаша (100мл.) млеко
  • 1 чаша (200мл.) масло
  • 4 јајца
  • 2 чаши (300 гр.) јагоди
  • 1 лажица шеќер за јагодите
  • За ФИЛ ќе ви треба:
  • 200 мл. слатка павлака

Денес ќе готвиме заедно со Ирена, готвач член на нашата веб-страница. Ирена ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Американски колач со јагоди.

Оригинален Американски рецепт за колач со јагоди, филуван со шлаг и свежи јагоди.

Подготовка

Чекор 1: Јагодите исечкајте ги, посипете ги со шеќер и оставете ги да отстојат додека се подготвува смесата за тесто.

Чекор 2: Измешајте ги сувите состојки, брашно, шеќер, сода, сол и цимет. Во нив додадете ги млекото и маслото. Изматете ги јајцата и додадете ги и нив. Јагодите исечкајте ги и додадете ги на крај, па измешајте убаво.

Чекор 3: Истурете ја смесата во Ростер тавата и печете 45 минути на 200 степени.

Чекор 4: Изматете ја слатка павлака и откако ќе се излади колачот, декорирајте.

Сечете коцки и сервирајте со декорација од свежи јагоди.

СОВЕТ: Овој рецепт е автентичен за американската кујна, па ви препорачуваме да го подготвите точно според рецептот.