Испечати

Слатко пециво

Слатко пециво

Состојки

  • 600гр. брашно
  • 25гр. свеж квасец
  • 100гр. шеќер
  • 100гр. путер
  • 1 рамна лажичка сол
  • 2 јајца
  • 250мл. млеко
  • фил
  • 500мл. млеко
  • 1 пудинг од чоколада
  • 150гр. путер
  • 200гр. шеќер во прав
  • 100гр. путер од кикирики
  • 50гр. сецкана чоколада за готење
  • 1 жолчка за премачкување
  • малку кикирики за декорација

Подготовка

Убаво чоколадно пециво,одличен доручек со кој може да ги изненадите најмилите.

На почеток разматете го квасецот со половина филџан млако млеко и лажичка шеќер оставете да надојде.
Во брашното на краевите додадете ја солта во средината шеќерот, надојдениот квасец, растопениот путер, јајца и со млакото млеко замесете убаво мазно тесто кое ќе и се одлепува од пластичниот сад.
Тестото покрите го и оставете го да се одмори половина час.

Подготовка на филот.
Во мал дел од млекото растворете го прашакот за пудинг. Оваа смеса сипете ја во останатото зовриено млеко, мешајте додека не добиете густ крем. Кремот оставете го да се олади и соединете го со матениот путер и шеќер во прав на крај на матењето додадете го путерот од кикирики.

Од стасаното тесто формираме топки кои ги ставаме во подмачкан плех. Со помош на чаша или толчник на средина правиме длабнатина. Секоја длабнатина со помош на шприц ја полниме со чоколадниот фил. Врз филот ставаме сецкана чоколада и малку путер од кикирики. Пецивата ги премачкуваме со жолчка оставаме петнаесетина минути да подстасаат додека ни се загрее рената и печеме во загреана рерна на 200степени половина час или додека не добијат убава златна боја.
Добар апетит!!!