Желе обланда
Состојки
- 1 голем лист обланда
- фил
- 200 гр. шеќер
- 8 лажици вода
- 125 гр маргарин
- 100 гр. чоколадо за готвење
- 200 гр мелени кикирики
- 100 гр крупно сецкани кикирики
- 2 големи лажици путер од кикирики
- 150 гр сецкани желе-бомбони
- 200 гр мелени бисквити
Подготовка
Уште една убава и мирисна обланда за љубителите на вкусот на кикирики, а подготовката на истата е многу едноставна.
1. Во соодветен подлабок сад на умерен оган ставете го шеќерот и 8 лажици вода. Оставете да се растопи. Додадете го маргаринот и чоколадото и мешајте додека не се растoпат и тие.
2. Во друг длабок сад на страна ставете ги мелените бисвити и кикириките ( јас овој пат заборавив да оставам крупно сецкани, зошто ги сомлев сите) и путерот од кикирики.
3. Со чоколадниот шербет соединете ја смесата во фил. Оставете малку да подизлади ( но не премногу зошто нема да може да ја нанесете врз обландите) и додадете сецкани желе-бомболи. Убаво соединете ги сите состојки. Уште поубава и полична е обландата кога е со обратни бои. Листот да е кафен а филот бел со тоа што наместо црно се става бело чоколадо, се друго останува исто.
4. Листот обланда поделете го на два дела. Филувајте ги обландите така што мазните страни да бидат надворешни. Поклопете ја обландата со некој потежок предмет и оставете да стегне.
5 Сечете штангли или триаголници и варете кафе...хахаха
На здравје