Испечати

Коцки со брусница

Коцки со брусница

Состојки

  • 150гр шеќер
  • 120мл вода
  • 250гр мелени бисквити
  • 100гр мелени ореви
  • 60гр бел еурокрем
  • 70гр брусница
  • 70гр маргарин
  • за глазура
  • 100гр црно чоколадо
  • 2-3 лажици масло

Подготовка

Декоративни и вкусни колачи

Во касерола на оган се ставаат да провријаат 2-3 минути, водата и шеќерот.
Се трга од оган и се додаваат еурокремот и мрагаринот.
Се меша смесата да се изедначи.
Се остава на страна да подизлади.
Се додаваат оревите, бисквитите, брусницата.
Убаво се промешува.
Млаката смеса се плеска на даска за колачи.
Нека се стегни убаво.
Се прелива со 100 гр растопено чоколадо со 2-3 лажици масло.
Се лади, па се сечи на коцки и се декорираат по желба