Испечати

Супа од телешка коска и зеленчук

Супа од телешка коска и зеленчук

Состојки

  • 1 голема телешка коска со месо
  • 1 корен пашканат
  • 1/2 корен целер
  • 1 морков
  • 1 компир
  • 1 китка средна брокула
  • зачин, бибер во зрно , сол, вода
  • листови целер, листови магдонос, ловоров лист
  • 1 главица кромид
  • 1 рака фиде

Подготовка

Многу често приготвувана кај нас дома.
Вкусна и богата супа.
До колку коската е гола, без месо, тогаш купете и 300 гр телешки мускул и варете го заедно со коската.

Најпрво коската се налива со ладна вода и нека одстои 1-2 часа во неа.
потоа таа а вода се фрла.
Сега во тенџерето каде ќе се вари коската се ставаат коренестите зеленчуци, морков, целер, пашканат, ловор, бибер, сол, листовите целер, магдонос и кромидот.
Нека врие на тивко 2 часа, при тоа отпенувајте ја по потреба. Кога месото е сварено се процедува само течноста во друго тенџере.
Потоа се чисти коската од месото, се сецкаат морковот, пашканатот и целерот.
Или може и да се испасираат.
Сега се става во водата сецканиот компир, се зачинува по вкус, се става фидето и врие уште 5-10 минути.
Пред самиот крај се додавата цветовите брокула.
Се зачинува со лимон и мелен пипер.
Уживајте