Испечати

Италијански ароматични крекери

Италијански ароматични крекери

Состојки

  • тесто
  • 1 белка
  • 1/2лажиче сол
  • 150гр варен и пасиран компир
  • 1 пециво
  • 4лажици млеко
  • 100гр путер( маргарин)
  • 2лажици пармезан
  • 1лажиче оригано
  • 230-260гр брашно
  • за премачкување
  • 1 жолчка
  • 40гр лупен сончоглед

Подготовка

Многу вкусни, ароматични крекери.
Пробајте ги.
Во млакиот сварен и испасиран компир се додава путерот и убаво се промешува.
Потоа во вангличка се ставаат сите состојки за тесто и убаво се изработува со рака.
Нека одстои тестото 15 минути да одмори.
Потоа се сучи кора, се вадат форми ѕвезди. Во средината се прави мала округла форма.
Јас го користев најмалиот дел од шприц за украсување на торти.
Се редат во плех, се премачкуваат со жолчка, се наросува сончоглед и се печат околу 25 минути на 180 степени.