Црно-бели бомбици со путер кикиритки
Состојки
- за смеса
- 275 гр бисквити
- 100 гр чоколадо за готвење
- 1-2 лажици путер од кикиритки (колку да се замеси смесата)
- за глазура
- 150 гр бело чоколадо
- 3 лажици масло
- декорација по желба
Подготовка
Со само три состојки и за само 20 минути имате одличен десерт кој ќе го изедете додека да трепнете. Ви гарантирам, бидејќи тоа кај нас се случи.
1. Во сад на пареа растопете го чоколадото, тргнете го на страна малку да излади.
2. Бисквитите ставете ги во блендер и блендирајте додека убаво да се сомелат.
3. Во длабок сад ставете ги мелените тото бисквити, изладеното топено чоколадо, путерот од кикиритки и замесете хомогена смеса. Формирајте бомбици и ставете ги фрижидер да се стегнат.
4. Во сад на пареа растопете го белото чоколадо со маслото, чоколадирајте ги и декорирајте по желба.
Едноставно уживајте во вкусот !