Испечати

Вита-мус

Вита-мус

Состојки

  • 1 авокадо
  • 2 банани
  • 130 гр путер од кикиритки
  • 130 мл јаворов сируп
  • 40 гр какао
  • 1 лажица кокосово масло
  • 1 лажичка какао путер
  • 50 мл слатка павлака

Подготовка

Подготовката е многу едноставна. Сите состојки се ставаат во бледндер или сецко и се миксираат.
Наполнете мали садови за десерт или сладолед со припремениот мус. Одозгора ставете шлаг и украсете по желба. Оставете ги во фрижидер околку 2 часа пред да ги послужите.
Отстапката е секако дозволена. Доколку немате јаворов сируп, можи да ставите мед. Медот е малку посладок, па доколку не сте многу по блажината, намалете ја количината. Доколку немате какао путер, не е страшно и да не ставите. Слатката павлака можи во подобар случај да ја замените со кокосово или бадемово млеко, и секако, крајно и обично или чоколадно млеко можи да заврши работа.