Алва сладолед
Состојки
- 1 филџан таан
- 2/3 филџан мед
- 2 големи лажици путер од кикирики
- 115 гр путер
- 50 гр фстаци
Подготовка
Невидена вкусотија, значи децава по дома ги исполижаа сите лажици, па мачкаа како крем по лепчиња ама остана нешто и за во замрзнувач. Се спрема за помалку од 15 мин а се ужива ден-два (кај кого - како)...
Фстаците исчистете ги од лушпите и ставете ги во вода барем половина час. Во блендер (или ако немате може и со миксер) ставете ги сите состојки и омекнатиот путер. Убаво изблендирајте ја смесата додека не стане мазна и хомогена. Јас имав метален калап кој го користам за ситни колачи , во него ставив најлонска фолија и во него ја истурив добиената смеса измешана со фстаци. Ако немате ништо такво слично може да користите и обична чинија или пластичен сад но претходно ставете најлонска фолија. Оставете ја алвата во замрзнувач да стегне.
Најубаво да сечете парчиња пред послужување, зошто во неа нема некој посебен зацврстувач и брзо се растопува.
Брзо, здраво и вкусно. На здравје нека е