Испечати

Сникерс мињони

Сникерс мињони

Состојки

  • 300гр. шеќер
  • 100мл. вода
  • 125гр. путер
  • 200гр. мелени бисквити
  • 200гр. мелени печени несолени кикирики
  • 2 лажички какао
  • за премачкување
  • 100гр. путер од кикирики
  • Глазура
  • 100гр. чоколада за готвење
  • 1 лажица масло

Подготовка

Преубава декоративна и вкусна комбинација.
Подготовка.
На почеток започнуваме со растопување на шеќерот и водата. По кратко време го додаваме путерот. Течната смеса ја тргаме од огин и во неа ги додаваме мелените бисквитите и мелените кикирики. Смесата ја делиме на два дела. Едниот останува ист, во другиот дел го додаваме какаото.
Во делимано правоаголната силиконска тава предходно намрсена ставете ја посветлата смеса врз неа смесата со какао. Убаво притиснете измазнете ги смесите, оставете да се стегне петнаесетина минути во фрижидер.
По петнаесетина минути извадете ја смесата премачкајте со путер од кикирики исечете коцки и провалкајте ги во растопена чоколада.
Едноставни за подготовка но превкусни!!!