Испечати

Рециклирани мафини

Рециклирани мафини

Состојки

  • 280 гр ЛУДО тесто по рецепт на Лилјана Илиева
  • за полнење
  • 100 гр изварка (урда)
  • 2-3 млади кромитчиња
  • 100 гр чаден свински врат исечен на коцки
  • 2 јајца
  • 4 големи лажици кисела павлака

Подготовка

Еве само уште еден доказ дека ова е навистина ЛУДО тесто...нема за што не може да го искористите. Ја овој пат си измислив солени мафини со продукти што ги затекнав во фрижидер. Да не беше овој сајт и рецептот на Лиле за лудо тесто сигурно немаше да бидат толку убави ни моиве мафинки.

Тестото веќе припремено си стоеше неколку дена во фрижидер. Извадете едно поголемо топче, околу 280 грама. За 12 мафини ова е доволно. Расукајте го во кора со дебелина од 0,5 мм и со нож поделете го на 12 коцки. Во секој од вдлабнатините на калапот за мафини внимателно ставете го парчето тесто, притоа благо притиснете го по ѕидовите на калапот. Оставете го така додека го припремате филот.

Во тава на оган со малку масло пропржете го ситно сецканото младо кромитче. Додајте ја урдата или дробено бело сирење, посолете ако не е солено и по малку од таа смеса ставајте во секој мафим. Ставете и ситно сецкан свински врат, или друго сувомеснато по желба. Во друг сад разматете ги јајцата и павлаката и со таа смеса залејте ги мафините. Печете на 180-200 степени додека не заруменат

На здравје