Испечати

Чоколадна торта

Чоколадна торта

Состојки

  • 190 гр. брашно
  • 2 каф. лажички прашок за пециво
  • 1 памна лажичка сода бикарбона
  • 150 гр. шеќер
  • 2 лажици какао
  • 2 јајца
  • 150 мл. млеко
  • 150 мл. сончогледово масло
  • 2 лажици златен сируп (замена може карамел сируп или мед)
  • За фил
  • 200 гр. бело чоколадо
  • 200 мл. млечна павлака (мин. 30% м.м.)
  • 150 мл. крем сирење

Подготовка

Еве една торта, по рецепт на Мери Бери, која е брза и одговора за секоја пригода. Рецептот го имам скоро два месеци и одтогаш ја имам направено 4-5 пати.
За тестото измешајте ги најпрво сувите сосотојки, па додадете ги останатите и изматете ги убаво со жица за матење или со миксер. Печете во калап за торта (24 или 26) на 180С околу 30-35 минути.
За филот најпрво загрејте ја павлаката без да зоврие и со неа прелијте ја исецканата бела чоколада. Имешајте додека целосно се растопи чоколадото и оставете да се излади.
Крем сирењето малку изматете го, додавајте го со мешање во претходно изладената смеса со чоколадо за да добиете убав фил за премачкување.
Изладениот пандишпан исечете го на половина. Половина од филот ставете на средина, а половина одозгора. Украсете по желба со чоколадо или какао. Добар апетит.