Чоколадни корпиња со путер од кикиритки
Состојки
- за чоколадни корпиња
- 17-20 хартиени корпиња
- 100 гр чоколадо за готвење
- 2 лажици масло
- фил
- 2 лажици путер од кикиритки
- 2 лажици мед
- 3 лажици таан (од чисто сусамово семе)
- 5 лажици мелени потпечени кикиритки
- декорација по желба
Подготовка
Еве една моја идеја за брзи и вкусни колачина.
1. На умерен оган растопете го чоколадото со две лажици масло. Премачкајте ги хартиените корпиња со растопеното чоколадо и ставете ги во фрижидер за убаво да се стегне чоколадото.
2. Во соодветен сад ставете ги путерот од кикиритки, медот и таанот, мешајте додека смесата да се изедначи, па додадете ги мелените кикиритки.
3. Откако е стегнато чоколадото, внимателно отворајте ги хартиените корпиња и вадете ги. Во корпињата од чоколадо ставајте од претходно подготвениот фил и декорирајте по желба.
Вкусот е неодолив. Уживајте !