Испечати

Куглоф со фил од чоколаден путер од кикирики

Куглоф со фил од чоколаден путер од кикирики

Состојки

  • за путер од кикирики
  • 80 гр. кикирики (печени, несолени)
  • 1 лажичка мед
  • 1 лажица масло
  • 2 ребра (25 гр.) црно чоколадо
  • за тесто
  • 2 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 1 ванила
  • 6 лажици масло
  • 12 лажици млеко
  • 6 лажици брашно
  • 1 пециво
  • 20 гр. сечкани кикирики (печени, несолени)
  • глазура
  • 50 гр. црно чоколадо
  • 1 лажица масло
  • малку сечкани кикирики за посолување

Подготовка

Овој куглоф има многу интересен вкус на кикирики, а посебно во комбинација со чоколадо, ми го снема за час. Количината на состојките ја прилагодив за калап за куглоф со пречник од 18 см.

1. Првин се прави путерот од кикирики, блендирајќи ги кикириките ситно, а потоа се додаваат медот и маслото. Се блендира додека се добие хомогена смеса која сепак ќе има ситни грутчиња од кикириките и не е мазна како на купечкиот путер.
Се додава чоколадото, се блендира и се добива чоколаден путер од кикирики.

2. Се матат јајцата со шеќерот и ванилата и се додаваат состојките според редоследот. Дел се тура во калапот, дел се остава за на крај, а 3 лажици се мешаат во чоколадниот путер од кикирики добивајќи фил кој се распоредува во кугловот. Се дотура смесата да го покрие филот.

3. Се печи на 200 степени 40-45 минути. На изладениот куглоф му се отсекува основата за да биде рамен. Чоколадото се топи на пареа со маслото, се разлева одозгора на колачот и се посолува со сечканите кикирики.

Количината може да се дуплира и да се направи во поголем куглоф.