Испечати

Гвакамоле

Гвакамоле

Состојки

  • 2 зрели авокада
  • 1 домат
  • 1/2 чили луто пиперче
  • 1 рендано лукче
  • 1 лажица лимон
  • Сол
  • Малце бибер

Подготовка

Се вади месото од авокадото и се пасира со вилушка. На доматот му се вади средината и се сецка само месото од доматот. Лукчето се ренда, пиперчето исто се сецка ситно. Се меса се со авокадото и му се додава сок од лимон, сол и бибер.