Торта со кикирики
Состојки
- Пандишпан
- 4 јајца
- 100 гр путер
- 100 гр чоколада за готвење
- 20 шеќер
- 130 гр брашно + 1 прашак за пециво
- 100 гр мелени кикирики
- Фил
- 200 гр путер од кикирики
- 100 гр путер омекнат на собна температаура
- 200 мл слатка павлака
- 5 лажици шеќер во прав + 1 лажичка екстракт од ванила
- За декорација
- 100 гр чоколада за готвење
- 4 лажици масло
- чоколадни кикирики во боја
Подготовка
Најпрво подгответе го пандишпанот
Путерот и чоколадата стопете ги на пареа и оставете ги да оладат.
Јајцата со шеќерот изматете ги да постанат кремасти и светли и потоа додајте ги путерот и чоколадата. Кратко изматете да се изедначат.
Брашното, кикириките и пецивото измешајте ги и додајте ги во смесата. Измешајте ги убаво со жица.
Смесата истурете ја во тава за печење бр.26 претходно намачкана со путер и посипана со брашно.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30-35 мин.
Печениот пандишпан оставете го да олади и подгответе го филот.
Во еден сад изматете ја слатката павлака.
Во друг сад изматете ги путерот од кикирики и путерот со шеќерот во прав и потоа додајте ја изматената павлака. Повторно изматете ги да се изедначат.
Оладениот пандишпан исечете го хоризонтално на половина и со 1/3 од филот исфиловајте ја средината а со другиот дел премачкајте ја тортата одозгора и по страните.
Чоколадата со маслото стопете ги на пареа и премачкајте ја целата тоторта. Украсете ја со цели и дробени чоколадни кикирики во боја.