Испечати

Мешана телешка чорба

Мешана телешка чорба

Состојки

  • 300 гр телешко месо
  • 1 компир
  • 1 морков
  • 1 китче брокула
  • 1 супена лажица сув зеленчук
  • 1 супена лажица масло
  • 1 супена лажица брашно
  • 300 гр цревца и кормушки
  • 1 мало китче магдонос

Подготовка

Мешана чорба за гурмани.
Телешкото мевце го вариме посолено. Во садот во кој се вари месото се додаваат морков, компир и брокула.
Кога е варено го цепкаме на ситни парченца.
На страна вариме чистени делови од кормушки и цревца.
Убаво ги миеме во неколку води и ги вариме.
Варењето е малку подолго затоа што е тегаво.
Откако ќе се исплакнат во повеќе води се сецкаат на ситни делчиња и се помешуваат со телешкото мевце.
Налеваме од водата во која се вареше телешкото месо. Зачинуваме.
Компирот, морковот и брокулата ги пасираме и ги враќаме во садот кај месото.
Враќаме на оган.
Додаваме фиде и оставаме да овари уште 15 минути. Вадиме од оган и зачинуваме со црн бибер и ситно сецкан магдонос.
Запршка на чорбата се прави само со брашно, иако е доволно густа од компирот. Значи не морате да ставате запршка.
Оваа чорба можете да ја направите поубава ако при конзумацијата додадете малку сос од толчен лук помешан со вински оцет.На здравје нека ви е.