Испечати

Грчки колачи

Грчки колачи

Состојки

  • 3 јајца
  • 3 шољи шеќер
  • 3 лажици мед
  • 1 шоља масло
  • 1 шоља млеко
  • 1 шоља свинска маст
  • 750 гр брашно
  • 1 пециво
  • За глазура
  • 100 гр чоколадо
  • 1 лажичка какао
  • 5-6 лажици млеко
  • 1 лажица путер
  • Останати состојки
  • 50-60 гр кокосово брашно
  • мармалад по желба

Подготовка

Ова се многу меки и вкусни колачиња, а од оваа доза излегуваат баш многу. Мене ми е поинаку запишан рецептов ама во недостаток на одредени состојки мајка ми вака ги направи во една прилика, па произлезе дека овој рецепт е повкусен од мојот. Затоа и ви ги претставувам вака, со овој состав.

Маста ја топиме и ја оставаме малку да подолади. Од сите состојки замесуваме тесто, кое го расукуваме во кора и вадиме колачиња со калап. Ги ставаме на намрсено тавче и ги печеме на 200 степени малку да поруменат. Откако ќе се изладат ги лепиме со мармалад, па ги потопуваме во глазурата од чоколадо и на крајот во кокосово брашно.
За глазурата го ставаме путерот и млекото на тивок оган да се стопи путерот, го додаваме какаото и на крајот коцките од чоколадо.
Шољата е од 150 мл. Користев јајце калапче од Делимано калапчињата за колачи.