Пита чамец
Состојки
- тесто
- 250 мл млеко
- 25 гр квасец
- 40 гр маст (свинска или растителна)
- 1 лажица шеќер
- 1 лажица сол
- 1 јајце
- 500 гр брашно
- фил
- 2 лажици кечап
- 2 лажици мајонез
- 100 гр шунка
- 50 гр кашкавал
- потребно е уште
- 1 јајце
- листови свежо нане или оригано
- 2-3 шери домати
Подготовка
Омилена пита на мојата ќерка, одлично одат по две чамчиња на голем одмор како ужинка.
1. Во млакото млеко додадете ги шеќерот, изронетиот квасец и една лажица брашно. Убаво промешајте и оставете квасецот да стаса.
2. Во длабок сад изматете ги маста и јајцето. Додадете ги солта и млекото со стасаниот квасец. Со брашното замесете тесто и оставете тестото да стасува 30 минути.
3. Стасаното тесто поделете го на 18 еднакви делови. Секој дел развлечете го во круг од 9 см. На средината ставете од соединетиот фил од кечап и мајонез, потоа (сецкана или рендана) шунка. Соединете ги двата дела (краја) од тестото за да се формира чамец.
4. Така подготвените теста редете ги во намрсена тава со големина од 28 см. Распоредете ги свежите листови нане или оригано, кашкавалот и на неколку места половинки шери домати. Премачкајте со изматено јајце.
Печете во загреана рерна околу 20 минути на 200 степени.