Испечати

Ќофте во сос од патлиџан

Ќофте во сос од патлиџан

Состојки

  • За ќофтето
  • 800 гр. мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 100 мл млеко
  • 1филијка (рибанка) леб
  • 1 јајце
  • 1/2 врска магданос
  • по 1/2 лажичка бибер и мелен ким
  • на вкус сол и сув зеленчук
  • За сосот
  • 400 гр. домати
  • 4 броја печени пиперки
  • 50 мл. масло
  • 6 лажици доматно пире
  • За посипување
  • 250 гр. кашкавал

Подготовка

Рецептот слободно намалувајте го, ова навистина е поголема количина, вие прилагодете ги количините спрема бројот на особите за кој ќе го приготвувате некој ден.
 
- Во млекото накиснете го лебот.
- Меленото месо се меша со ситно насецканиот кромид, магданосот, веќе накиснатиот леб, јајцето, биберот и кимот- овкусете го со сол и сув зеленчук. Добро измесете го. Оформете ги ќофтињата, валкајте во брашно и испржете ги на масло.
Сос
- Доматите се рендаат, излупените печени пиперки (по можност црвени) се пасираат, се стават во тава и нека почне да се пржи. Кога ќе проврие убаво се додава и доматното пире. Исто така овкусете го по ваш вкус со сол и сув зеленчук. Оставете нека проврие, се додаваат испржените ќофтиња и се оставаат да провријат заедно се додека се спојат вкусовите. Потоа претурете во тавка, посипете со ренданиот кашкавал и ставете во рерна на кратко да се потпечат се додека се добро стопи и запече кашкавалот. По желба можете да го поросите јадењето со магданос.

Напомена
- Денешниот ручек на мене ми е спреман со домати од конзерва. Заедно доматите и пиперките ги ставив во Чоперот и ги иситнив, ги ставив во тавката, го истурив и сосот кој што е во конзервата, откако почна лесно да се запржува го додадов доматното пире, кога убаво почна да врие ги ставив и кофтињата. Префрлив во тавче, посипав со кашкавалот и печењето траење околу 10 мин.
- Како што кажав погоре ова е поголема количина, прилагодете ги состојките.
- Внимавајте колку ќе солите, тоа зависи од кашкавалот. Јас денес имав кашкавал бајаги солен, но и мрсен кое нешто се гледа и од самото јадење. Ме зачуди колку тоа мрсно ми стана јадењето. Но се изеде бидејки ова ни е едно од омилените. Понекој пат прво запржам кромид и морков рендани, потоа додавам се како што е опишано погоре. Наместо ќофте овде може да се става и пилешко кое претходно лесно ќе го запржите.