Испечати

Мињони (бомбици) со пијани вишни

Мињони (бомбици) со пијани вишни

Состојки

  • 30-35 вишни од слатко
  • 70мл рум
  • за глазирање
  • 150гр црно чоколадо
  • 3 лажици масло
  • 20гр бело чоколадо
  • 1/2 лажиче масло
  • смеса за мињони
  • 1 белка
  • 40гр шеќер во прав
  • 100гр растопено црно чоколадо
  • 1 лажица мармалад од вишни (кајсии)
  • 150гр мелен орев
  • 130гр мелени бисквити
  • 1-2 лажички рум каде одстојуваа вишните

Подготовка

Многу вкусни мињони.

Прво се вадат од шербетот вишните од слатко и се потопуваат во рум.
Така нека одстојат 10-12 часа или може преку ноќ.
Потоа се цедат од течноста.
Во вангличка се става белката, се мати, се додава шеќерот, мармаладот, чоколадото, бисквитите, оревите.
По потреба се додаваат 1-2 лажичиња рум каде ноќеваа вишните.
Убаво се изработува со рака.
Се зема топче, се расплескува на дланката, се става една вишна и се формира бомбица.
Се редат на послужавник.
Над пареа се растопува црното чоколадо со маслото и секој мињон со помош на вилушка се потопува во растопеното чоколадо.
Се декорираат со бело растопено чоколадо.
Се редат во хартиени корпи.