Ослич во сос од портокал
Состојки
- 1 кгр. филети од ослич
- 50 мл. масло
- 3 лажици сок од лимон
- на вкус сол, бибер
- За сосот
- 300 мл. сок од портокал
- 80 гр. кромид
- 30 гр. путер
- 250 мл. павлака за готвење
- 1 лажица капари
- 1 лажица густин
- 1 лажица ситно насецкана кора од портокал
- 1/2 лажичка бибер
- 1 лажица сув зеленчук
Подготовка
Пробајте и вака приготвен ослич...
1. Филетите напрскајте ги со исцедениот сок од лимон, малку посолете, посипете со бибер. На загреаното масло пропржети ги од секоја страна околу 5 мин, извадете и одложете на топло.
2. На путерот кратко пропржете го кромидот исечен на тркалца, залијте со исцедениот сок од портокал, додадете околу 100 мл. вода и нека вари околу 5 мин.
3. Додадете ја насецканата кора од портокал, сувиот зеленлук, биберот, капарите кои претходно сте ги измиле во ладна вода, нека вари уште 5 мин. Додадете го густинот кој сте го раствориле во малку вода, додадете ја и павлаката, нека само уште еднаш проврие и тргнете настрана,
Послужување
Топлата риба прелијте ја со припремениот сос, послужете со варен ориз нормално придружба и зелена салата,
Напомена
- Ако немате филети, а имате парчиња Ослич, кога е полуодмрзнат излупете ја кожата (тогаш најлесно се лупи), понатаму постапете како што напишав погоре. Ова на сликата што го гледате не се филети.
- Доколу сокот од портокал ви е киселкаст не двоумете се да додадете лажичка шеќер
- Доколку немате при рака павлака за готвење, а имате обична павлака (не кисела) слободно ставете ја неа, а доколку пак ги немате и двете врсти на павлаки, знаете што? Млекото е одлична замена. Ставете млеко.
- Знаете дека има црн, црвен, бел бибер. Овде пожелно е да биде бел, но ако нема - нема, ќе си ставите обичен или пак мешавината на бибер (јас таков користам)
Па драги мои уживајте во вака малку необично спремање на осличот, односно тоа го прави фактички прекрасниот сос., за кој доколку мислите дека ви е прегуст, разредете го додавајки му уште малку млеко (на мене ми е таман)
Бон Апети!!!