Медитеранска тестенина
Состојки
- 50 мл. маслиново масло
- 100 гр. млад кромид
- 200 гр. искостени црни маслинки
- 150 гр. сув патлиџан
- 1 зеленчукова коцка за буљон
- 500 мл. вода
- 1 лажица капари
- според ваша оценка бадемови листови
- 500 гр, тестенина
Подготовка
Во потрга како да ги употребам сувите патлиџани, оти нели еве полека ќе стигне и за нова реколта, го имам овој рецепт кој еве вам сега ви го презентирам. Овде царува сувиот патлиџан... прекрасно на вкус, прекрасно....
Постапка
- Според упатството на кесата сварете ги од вас изберениете тестенини. Треба да се ал-денте.
1. На маслиновo масло кратко пропржете го младиот кромид, додадете го насецканиот сув патлиџан и искостените насецкани маслинки. Пропржете. Залеје со 500 мл., вода, овде ставете ја коцката за да се добие тој зеленчуквиот буљон, додадете ги капарите и оставете тивко нека крчкат се додека не се целото тоа спои и испари водата, но не до крај.
Измешајте со веке сварените тестенини или пак засебно сервирајте прво тестенината па потоа додадете од сосот. Посипете со бадем исечен на листови, а за да добијат по интензивен вкус можете претходно да ги потпечете на сува тава.
Напомена
Ако немате капари, не е задолжително, ги пробав и без нив, не се менува битно вкусот.
Ако немате ниту пак бадем, изоставете го, но секако дека е волшебно она крцкањето додека јадете.
Доколку ви е многу по целиот рецепт да спремите слободно преполовете состојките.
Пријатен апетит!