Проја со месо и праз
Состојки
- 4 јајца
- 1 филџан(125мл.)кисела вода
- 1 филџан јогурт
- 1 филџан зејтин
- 1 филџан пченично брашно
- 2 филџана пченкарно брашно
- 1 лажичка сол
- 1 прашок за пециво
- фил
- 1 страк праз
- 300гр. мелено месо
- 100гр. кашкавал
- малку масло,оригано,црвен пипер и сусам
Подготовка
Убава збогатена проја малку поразлична од класичната наша домашна проја која со години наназат ја подготвувам.Брзо приготвено јадење идеален доручек или вечера со чаша јогурт или кисело млеко.
Подготовка.
Започнуваме со матење на јајцата во нив ги додаваме сите течни а потоа и суви состојки,убаво промешуваме и целата смеса ја сипуваме во подмачкана тава.
Празот го сецкаме ситно и со малку масло го пропржуваме на тивок огин,веднаш го додаваме меленото месо и него го пржиме десетина минути константно мешајќи.Смесата ја тргаме од огин ја зачинуваме и убаво ја распоредуваме врз пројата на крај рендаме кашкавал и посолуваме сусам.Печеме на 200 степени половина час,оставаме да се излади пред да сечеме коцки и послужиме.
Добар апетит!!!