Ѓевречиња соленки
Состојки
- 600 гр. брашно
- 250 гр. маргарин (на собна температура)
- 3 жолчки
- 200 гр. кашкавал (крупно рендан)
- 1 пециво
- 1/2 лажичка сол
- 120-150 мл. млеко
- белка за премачкување, сусам за посолување
Подготовка
Еве еден рецепт од мојот скромен тефтер, едноставен за правење и јадење.
Соленки во форма на ѓевречиња кои може и да се чуваат во замрзнувач за кога ќе ви притреба нешто солено за гости.
1. Во сад брашното се просејува, се меша со пецивото и се замесува со сите состојки освен кашкавалот кој се става откако ќе се замеси тестото последен.
2. Се измесува добро со рака, при што битно е маргаринот да биде на собна температура за полесно да се соедини со состојките. По потреба се дотура млеко зависно од брашното.
3. На работна маса со сукало (дебело) се развлекува кора од половина прст и се вадат форми ѓевречиња со една поголема и една помала чаша, изборот на големина е произволен.
4. Ѓевречињата се премачкуваат со белките и се посолуваат со сусам, се печат на 180 степени околу 25 минути.
Нормално формата може да биде по желба, важно да можат да се вадат посакуваните форми.