Пролетен тарт
Состојки
- тесто
- 300гр. брашно
- 1 јајце
- 50гр. масло
- 100мл. јогурт
- 1/2 свеж квасец(5гр.)
- 1/2 лажичка прашок за пециво,прстофат сол
- фил
- 200гр. димено пилешко филе
- 2 домати(може и од конзерва или свежи)
- 2 млади кромидчиња
- 100гр. кашкавал
- фил за преливање
- 3 јајца
- 300мл. неутрлна павлака
- магданос,босилок,оригано и сусам
Подготовка
Јас го нареков тарт, некој го нарекува киш, нема да згрешев ако напишев дека е пита, но како и да ја наречам едно е вистинито дека е превкусно. Овај тарт секогаш остава простор за комбинација на различни состојки по ваша мерка и вкус.
Почнувам со подготовка на тестото. Во сад за матење го сеам брашното и ги додавам сите состојки замесувам со постепено додаваење на јогурт(овде преубава работа врши миксерот на делимано).Тестото го оставам да одмори додека ги сецкам состојките за фил.
Од тестото формирам круг кој го префрлам во намрсената тава за тарт,одозгора го ставам сецканото филе сецканите домати и кромид.
Јајцата и павлаката ги соединуваме додаваме магданос,оригано и босилок ја преливаме оваа смеса врз тартот одозгора рендаме кашкавал посолуваме сусам.Тартот го печеме на 200степени во предходно загреана рерна околу половина час,послужете со чаша јогурт.
Добар апетит!!!