Видео рецепт: Брза пита пица
Состојки
- За ТЕСТО ќе ви треба:
- 2 јајца
- 1/2 чаша (100 мл) масло
- 1 чаша (200 мл) кисело млеко
- 1 лажиче сол
- 2 1/2 чаши (320 грама) брашно
- 1 прашoк за печиво
- 150 гр. салама
- За ФИЛ ќе ви треба:
- 100 гр. сирење
- 200 гр. печурки шампињони
- 3 јајца
- малку кечап
- 1 лажичка оригано
- неколку шери домати
Денес ќе готвиме заедно со Ирена, готвач член на нашата веб-страница. Ирена ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Брза пита пица.
Интересен комбиниран рецепт за пита пица, кој се подготвува брзо и многу лесно, дури и за почетници.
Подготовка
Чекор 1: Саламата исечкајте ја на коцки.
Изматете ги јајцата и додадете ги сите состојки - масло, кисело млеко, сол, брашно, прашак за пециво и саламата. Тестото истурете го во тавата за печење.
Чекор 2: Печурките исечкајте ги на тенки парчиња. Јајцата изматете ги со малку сол.
Врз тестото изрендајте го сирењето, ставете ги печурките и прелијте ги со јајцата. Ишарајте со кечап, посипете оригано и ставете неколку шери домати.
Чекор 3: Печете во загреана рерна на 200 степени, 40 минути. Потоа извадете ја од тавата и сервирајте ја исечена на парчиња.
СОВЕТ: Ова е одлична идеја за вкусен појадок или ручек, кој нема да ви одземе многу време и енергија за подготовка, а добро ќе се најадете.