Чоколадни мафини
Состојки
- 2 јајца
- 180 гр. шеќер
- 180 мл млеко
- 100 гр. чоколада
- 100 гр. маргарин
- 260 гр. брашно
- 3 лаж. какао
- 1/2 лажичка сода
- 1/2 лажичка сол
- 1/2 кесичка прашок за пециво
Подготовка
Во длабок сад на оган се ставаат да се стопат чоколадото, маргаринот и млекото. Кога оваа смеса ќе се изедначи се остава да се излади.
Јајцата се матат со шеќерот се додека тој да се растопи. Во нив со постојано мешање се додава течната смеса.
Потоа во оваа смеса се просејува претходно соединетите брашно, какао, содата, солта и прашокот за пециво. Се промешува со лажица или со жица за матење.
Во калапот за мафини се ставаат хартиени корпици, секоја од нив се полни не до крај туку 5мм помалку. Вака подготвени се печат на загреана рерна на 180 степени од 15-20 минути.
Од оваа смеса излегуваат 15-16 мафини.