Испечати

Кремасти карамел коцки

Кремасти карамел коцки

Состојки

  • Потребно за пандишпан
  • 6 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 5 лажици млеко
  • 5 лажици масло
  • 100 гр брашно
  • 100 гр ореви
  • 2 лажици какао
  • потребно за крем
  • 1200 мл млеко
  • 10 лажици шеќер
  • 10 лажици густин
  • 200 гр чоколада
  • 1 маргарин
  • по потреба шеќер во прав
  • потребно за карамел прелив
  • 1 чаша(250 мл) шеќер
  • 1,5 чаша вода
  • 1,5 лажица густин
  • потребно е и 500 мл слатка павлака и 200 мл чоколадно млеко

Подготовка

Од јајцата оделете ги белките од жолчките. Во белките матејки постепено додадете го шеќерот, а потоа матејки додавајте една по една од жолчките. Поматете уште малку, па додадете го млекото и маслото промешувајки со лажица и  додадете ги брашното промешано со пецивото и какаото. На крај додадете ги оревите. Измешајте и печете во плек обложен со хартија за печење.
Печете на 180 степени.
Подготовка на кремот.

Шеќерот стопете го да добиете карамел. Додадете околу 700 мл од млекото и варете додека да се растопи карамелот. Во преостанатото млеко растворете го густинот и сипете во врелото млеко да добиете густ крем. Во топлиот крем додадете го чоколадото и мешајте да се стопи, а потоа оставете да олади. Маргаринот изматете го убаво и постепено додадете од изладениот крем. По потреба додадете шеќер во прав по ваш вкус и изматете повторно со миксер.
Слатката павлака изматете ја во цврст крем.
Оладениот пандишпан натопете го со врело чоколадно млеко и оставете малку да се излади па премачкајте со кремот па потоа со слатката павлака ставете го колачот да подзамрзне.
Подготовка на карамел прелив.
Шеќерот растопете го, а во водата растворете го густинот. Кога е растопен шеќерот додадете ја водата и мешајте додека да се растопи шеќерот и да се подзгусти преливиот. Оставете да се излади малку, но не многу и распоредете врз слатката павлака. Оставете да се стегне карамелот и исечете на коцки.