Видео рецепт: Ќофтиња од компир со фил од пилешко
Состојки
- За ТЕСТО ќе ви треба:
- 1 кг. компири
- 1 жолчка
- 100 гр. путер
- брашно и сусам за валкање
- За ФИЛ ќе ви треба:
- 300 гр. пилешки стек
- 2 млади кромитчиња
- 50 гр. суво грозје
- 1 гранче магдонос
- 1 гранче мајчина душица
- 1 јајце
- Ќе ви треба и:
- коцка за пилешка супа
Денес ќе готвиме заедно со Надица, готвач член на нашата веб-страница. Надица ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Ќофтиња од компир со фил од пилешко .
Одлична комбинација на ќофтиња од пире, полнети со фил од пилешко и зачини. Има повеќе чекори на подготовка, но вреди да се проба.
Подготовка
Чекор 1: Сварете ги компирите во Смарт лонецот.
Проварете го пилешкото месо десетина минути во посолена вода.
Сварете го и јајцето, и растворете ја коцката за супа.
Чекор 2: За подготовка на филот исечкајте го ситно кромидот и пропржете го на маслиново масло. Додадете го свареното пилешко, поделено на ситни парченца и додадете ја растворената коцка пилешка супа. Оставете да покрчка додека не испари водата, а потоа посолете и наросете бибер по вкус. Додадете ситно сечкан магдонос, мајчина душичка, исечканото варено јајце и сувото грозје. Промешајте и оставете на страна.
Чекор 3: За подготовка на пирето додадете го путерот и жолчката од јајцето во компирите и мешајте со миксер додека смесата не се изедначи.
Чекор 4: Со лажица земете од пирето и ставете на набрашнета маса. Натапкајте со рака, на средината ставете го филот и направете ќофтиња. Извалкајте ги во брашно промешано со малку сусам. Нам ни излегоа 15 парчиња.
Чекор 5:Загрејте го маслото и ставајте ги да се потпржат, па внимателно превртете ги бидејќи се меки. Пржете ги кратко, готови се кога ќе заруменат. Извадете ги на хартија да се впие маснотијата, па сервирајте и декорирајте по желба.
СОВЕТ: Овие ќофтиња се и одлична основа за убав, домашен сендвич – со сосови и свеж зеленчук.