Испечати

Торта со два фила и целуфки

Торта со два фила и целуфки

Состојки

  • за пандишпан
  • 10 белки
  • 10 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 1 лажица презла
  • 10 лажици мелен орев
  • 1/2 пециво
  • за белиот фил
  • 5 жолчки
  • 600мл. млеко
  • 2 пудинзи од ванила
  • 5 лажици шеќер
  • 2 ванилин шеќер
  • за црниот фил
  • 5 жолчки
  • 600мл. млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 2 пудинзи од чоколадо
  • 2 ванилин шеќер
  • 3 лажици рум
  • 100гр. црно чоколадо
  • 150гр. мелени ореви
  • 18 парчиња готови целуфки
  • за украсување
  • 3 кесички шлаг крем од ванила
  • 250гр. маргарин
  • 200гр. шеќер во прав

Подготовка

Една од моите омилени торти што одамна ја немав направено, па ете дојде денот после долго време.
Најпрво белките ги биеме во цврст снег и постепено му го додаваме и шеќерот. Се биеме убаво додека не добиеме густа смеса и го исклучуваме миксерот. Го додаваме брашното, презлата и пецивото. На крај ги додаваме и мелените ореви и мешаме со дрвена лажица. Печиме на 180 степени околу 20 минути.
За подготовка на белиот фил најпрво ги биеме жолчките и ги додаваме во млекото во кое претходно сме ги раствориле 2 пудинзи од ванила, ванилиниот шеќер и шеќерот. Вариме се додека не се згусти и оставаме да се излади.
За подготовка на црниот фил најпрво исто така ги биеме жолчките и ги вариме со млекото и шеќерот. Кога ќе се згусти го додаваме чоколадото, оревите и румот.
Маргаринот го биеме со шеќерот во прав и го делиме на два дела. Едниот дел го ставаме во црниот фил, а другиот во белиот фил. Филовите треба да бидат ладни кога ќе се додаде маргаринот.
Паниспањата ја сечиме на три или на два дела (како сакате).
Начинот на филовање-паниспања,жолт фил,црн фил целуфки,паниспања,жолт фил црн фил ,шлаг крем.На здравје!!!