Испечати

Пита со шунка и варени јајца

Пита со шунка и варени јајца

Состојки

  • За тесто
  • 350 гр брашно
  • 170 гр ладен путер
  • 1 јајце
  • 1 лажичка пециво
  • 50 мл млеко
  • прстофат сол
  • За фил
  • 4-5 варени јајца
  • 150 гр шунка
  • 100 гр кашкавал
  • 200 гр кисела павлака 20 %
  • 2-3 кисели краставички

Подготовка

1. Брашното и пецивото ги мешаме, па го додаваме исечканиот путер, јајцето и млекото и замесуваме изедначено тесто. Го завиткуваме во најлонска фолија и го оставаме во фрижидер околу 30 минути. За тоа време го подготвуваме филот.
2. Кашкавалот го рендаме, шунката и краставичките ги сечкаме на коцки и сето ова го промешуваме со киселата павлака.
3. Го вадиме тестото од фрижидер и го делиме на две топки од кои едната ќе ни биде двапати поголема од другата.
4. Го расукуваме поголемото топче на набрашнета површина, да биде поголемо за неколку сантиметри од дното на тава бр.26. Го ставаме во намрсената тава.
5. Го истураме и распоредуваме филот и врз него ги ставаме варените јајца исечкани на кругови.
6. Го расукуваме и второто тесто во круг па ја покриваме филованата пита. Со делот од првото тесто од страните ја покриваме питата преку второто тесто. Притискаме нежно да се залепат двата дела.
7. Ја ставаме да се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 30 минути или додека да порумени.

Забелешка
Питата е сечена и фотографирана само малку изладена. Ако почекате да се подизлади убаво во тој случај многу е поубав пресекот, како на дополнителната фотографија.