Испечати

Киш со варени јајца

Киш со варени јајца

Состојки

  • За тесто
  • 150 гр брашно
  • 75 гр путер
  • 2-3 лажици ладна вода
  • прстофат сол
  • За фил
  • 4 варени јајца
  • 80-100 гр сувомеснати производи (свински врат, шунка, сланина)
  • 2 млади кромитчиња
  • 150 гр кисела павлака 20 %
  • 2 јајца
  • 50 гр кашкавал
  • бибер, оригано по вкус

Подготовка

Оваа француска пита или киш е многу атрактивна и вкусна, а особено е погодна за гости и за мезе во убаво друштво.

1. Путерот го сечкаме на коцки и од сите состојки замесуваме мазно тесто кое го сукаме во големина на тавчето во кое ќе го печеме кишот, а треба да ни биде со бр. 26 или 28.
2. Ја намрсуваме тавата со путер и го ставаме тестото при што малку го подигаме од страните, значи го лепиме за страничните делови од тавчето, во една пристојна висина. Тестото на дното го боцкаме со вилушка, ама и не мора зошто е многу тенко.
3. Потоа ставаме ситно насечкани сувомеснати производи по желба, кромитче и варените јајца исечкани на парчиња. Може да си додадете што ви е желба.
4. На крајот сето ова го залеваме со кисела павлака во која сме разматиле две јајца.
5. Врз оваа смеса рендаме кашкавал и посипуваме со прстофат оригано.
6. Го ставаме кишот да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.

Забелешка
Можете како фил да ставите што сакате, јас буквално го празнев фрижидерот да се доискористат залихите купени за минатите празници.
Можете да додадете шери домати, печурки, краставички...по желба и вкус.