Турско благо со кадаиф
Состојки
- 500 грама кадаиф (по можност жолт)
- 250 грама путер
- 200 грама густин
- 400 грама шеќер
- 2 литри млеко
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 150 грама толчени ореви
Подготовка
Ова е стар турски рецепт од пријателка на мајка ми. Едноставен за подготовка, а многу, многу вкусен за јадење. Се топи во уста.
Чекор 1
Путерот се топи во големо тенџере (на тивок оган за да не прегори) и во него се додава ситно издробен кадаифот. Потоа кадаифот се пржи околу половина час. Половина од смесата се става во тавче број 34.
Чекор 2
Настрана се прави крем. Густинот се раствора во 400 милилитри млеко и во него се додава шеќерот. Добро се промешува. На оган се вари остатокот од млекото и кога ќе зоврие се додава растворениот густин. Кремот се вари до згуснување на тивок оган. Се додаваат пакетчињата ванилин шеќер и кремот постепено се истура врз првиот слој на кадаифот.
Чекор 3
Врз кремот се додава втората половина од кадаифот. Одозгора се посипува со оревите.