Испечати

Фритули со јаболко и суво грозје

Фритули со јаболко и суво грозје

Состојки

  • 3 јајца
  • 170мл млеко
  • 60гр шеќер
  • 1 ванила
  • 1 пециво
  • 1 излупено јаболко
  • 50гр бело суво грозје
  • 50гр растопен маргарин
  • 2 лажички рум
  • 350гр бело брашно
  • масло за пржење
  • шеќер во прав, цимет

Подготовка

Вкусни, однадвор крцкави, внатре меки, ароматични фритули.

Прво во ванглика се ставаат жолчките со шеќерот и се мати со миксер, смесата да побели.
Потоа се додавата растопениот маргарин, ванилата, румот и пак сето се соединува со маталките.
Се додаваат ренданото јаболко, сувото грозје, пецивото, брашното и на крај снег од 3 белки.
Лесно со дрвена лажица се промешува цела смеса.
Нека одстои 5-10 минути, односно додека не се затопли маслото за пржење.
Се пржат на среден оган, се зема од смесата со намастено лажиче и се спуштаат во врелото масло, па се редат на хартиени салфети.
Се посипуваат со шеќер во прав и цимет.
Уживајте.