Торта со слатка павлака и капучино (не печена)
Состојки
- 400 гр бисквити
- 1 млечно бело чоколадо
- 1/2 л слатка павлака
- 3 јајца
- 5 лажици шеќер
- 125 гр маргарин
- 3 лажици капучино
- 2 шлаг крем
- 200 мл млеко
Подготовка
Еве ме мене повторно со тортите...што да правам кога сум манијак по благото =)))
Јајцата и шеќерот разматете ги и гответе ги на оган додека да се згустат. Потоа тргнете ги и додадете го капучиното, убаво промешајте за да не се направат грутки. Оставете да се излади, па потоа уработете го маргаринот и соединете со смесата од јајца и капучино.
Изматете ја слатката павлака, јас користев засладена и не додавав шеќер, вие може да си додадете ако сакате.
Бисквитите издробете ги со рака, чоколадото исецкајте го или изрендајте го, јас го сецкав.
Смесата со јајца и капучино додадете ја кај изматената слатка павлака, повторно со миксер кратко промешајте колку да се соединат, па потоа додадете ги бисквитите и чоколадото.
Смесата истурете ја во некој сад обложен со фолија и оставете да се замрзне. Откако тортичката ќе се замрзне извадете ја од садот, отстранете ја фолијата и филувајте ја со изматените шлаг крем со млекото.