Испечати

Јагнешка чорба

Јагнешка чорба

Состојки

  • 1/2кг. црн јагнешки џигер
  • 1/2кг. бел јагнешки џигер
  • 1 зеленчукова коцка за супа
  • 3 тврдо варени јајца
  • 2 жолчки
  • 3 лажици кисела павлака
  • сок од пола лимон
  • по вкус и по потреба сол, мешан сув зеленчук, црна пипер, ловоров лист, магдонос

Подготовка

Двата вида на џигер се налеваат со вода и се ставаат на оган да зоврие.
Првата вода се фрла, па се налева чиста вода и се става да се вари.(Може да им смените уште една вода.) Во водата се додава зеленчуковата коцка, сол и ловоров лист.
Кога е варен џигерот, се вади од водата и дел од џигерот се сецка на покрупни парченца, а дел се меле на машина за месо мелење или ситно се сецка. Се враќаат во водата.
Исто и варените јајца се мелат или многу ситно се сецкаат. Се додаваат во водата.
Се вари се заедно уште некои 15 на минути.
Настрана се матат со вилушка жолчките, па им се додава киселата павлака и сокот од лимон. Се убаво се соединува-изедначува.
Тенџерето се трга од оган и во зовриената чорба наеднаш се додава смесата со жолчки, со постојано, енергично мешање.Се враќа на умерен оган да покрчка уште некое време, додека ја добие потребната густина.
Се зачинува со мешан сув зеленчук, мелен црн пипер и наросува со магдонос.
На здравје!
*По желба кога се додаваат варените јајца, може да се додаде и една рака фиде.
Чорбава е превкусна, топло ви ја препорачувам...