Испечати

Мафини со варени јајца

Мафини со варени јајца

Состојки

  • 250 гр кори
  • 2 јајца
  • 250 гр сирење
  • 50 мл масло
  • 100 мл кисела вода
  • 1/2 пециво
  • 12 варени јајца

Подготовка

Еве една од редот на идеи како да се искористат велигденските јајца.

1. Како што се завиткани корите ги сечеме со ширина од околу 1-2 см. Ги растресуваме да добијат изглед на јувки.
2. Јајцата убаво ги матиме со вилушка и го рендаме сирењето во нив. Го додаваме маслото и киселата вода, а на крај и пецивото.
3. Во оваа убаво измешана смеса постепено ги додаваме корите.
4. Калапите за мафини ги намрсуваме со путер или масло.
5. Ставаме по 1-2 лажици од смесата, па во средина ставаме по едно варено јајце.
6. Наросуваме сусам, буковец или зачин по желба и ги печеме на 200 степени додека да поцрвенат или околу 15 минути.

Сервирани ги посолив со прстофат куркума.