Пита со кори и варени јајца
Состојки
- 500 гр кори
- 200 мл кисела вода
- 6 јајца
- 100 мл масло
- 1 пециво
- 200 гр сирење
- 100 гр шунка
- 50 гр сушена сланина
- 1-2 кисели краставички
- 2 млади кромитчиња
- 5 варени јајца
- оригано за посип
Подготовка
Декоративна и брза пита која произлезе од потребата да се потрошат варените јајца.
Подготовка
1. Сирењето го рендаме, а кромитчето, краставичките, шунката и сланината ги сечкаме на ситно.
2. Јајцата убаво ги разматуваме со вилушка, го додаваме маслото и киселата вода, а на крај пецивото. Ги додаваме сечканите продукти во смесата.
3. Корите секоја кора посебно ја кинеме на парчиња и ја додаваме во смесата, со постојано промешување за да не ни се залепат корите една за друга. Промешуваме убаво да се натопат корите.
4. Ја истураме смесата во намрсено тавче. Одозгора редиме половинки варени јајца, наросуваме со оригано.
5. Печеме на 200 степени во загреана рерна додека да ни поцрвени питата.
Забелешка
Ставате мастраф по вкус и количини кои ви се наоѓаат по дома.
Сол не ставам бидејќи сирењето беше таман солено, а и сланинката даде посебен шмек, а вие проценете си сами.