Испечати

Овошни комбинации - овошен ден, ундиета, сурово, посно, веган

Овошни комбинации - овошен ден, ундиета, сурово, посно, веган

Состојки

  • Најомилена
  • 5-6 киви, 2 портокали и 4-5 ливчиња свеж босилек или нане
  • Останати
  • 3 јаболка, една рака капини, 3 киви и портокал
  • 4-5 киви, 2-3 јаболка и цимет по вкус
  • 1 портокал, капини по вкус и 4-5 киви
  • 5-6 мандарини, 5-6 ливчиња свеж босилек, 3-4 урми и 2 киви

Подготовка

Лесно, брзо, здраво. Обично дома правиме поголеми количини (1,5 -2л) и имаме барем за два дена, бидејки сите го пиеме. Јас не го растварам со вода и ми доаѓа како оброк, а за пилиштарциве растворено 50Ч50.
Здрави сме ко дрен, фала на прашање =))

Подготовката е лесна. Состојките се стасваат во блендер и се блендираат додека не добиете смеса која ви се допаѓа.
Јас блендирам додека не приметам дека семките од кивито се испасирале ситно.
Во врска со капините. По можност блендирајте ги смрзнати. Забележав дека на одмрзнати капини не се блендираат семките баш најнај, но затоа на смрзнати се изблендираа речиси комплетно.

Мандарините не беа баш благи, па додадов урми. Слободно додавајте урми ако не ви е доволно благо.

Јас имам свеж босилек дома во саксија и почнав да го додавам во секоја комбинација. Колку повеќе, толку посвежувачки вкус му дава на пијалокот. Да се разбуди дивото нане и него ќе почнам да го додава. Дивото нане има мирис и вкус на спеарминт мастиките, ќе биде феноменално.
Не сум пробала со сушен босилек, па не можам да ви кажам дали ќе биде толку свежо. Можете да пробате, нема зијан.

Кога се денови за овошје, овие комбинации си ги пакувам во шише и си ги носам со мене. Така ми е полесно од колку да носам цели парчиња овошје.

Нека ви е на здравје, ама баш НА ЗДРАВЈЕ!