Испечати

Грчка баклава со вишни

Грчка баклава со вишни

Состојки

  • за баклава
  • 800 гр кори за баклава
  • 800 гр вишни без семки
  • 500 гр сецкани ореви
  • за попрскување гриз
  • заа балкава попрскување масло
  • за шербет
  • 1 литар вода
  • 1.200 гр шеќер
  • 1 кесичка ванила
  • 1 сок од исцеден лимон

Подготовка

Постапката е брза и едноставна, а баклавата е повеќе од вкусна и сочна.

Земете една кора, попрскајте ја со гриз и масло, па врз неа ставете втора кора, исто попрскајте со гриз и масло, па на крај трета кора, на која ке ставите од филот, односно од вишните и оревите. Свиткајте цврст ролат.
Јас за виткање на ролатот користев голема игла за плетење (види слика). Потоа со раце од двете страни набрчкајте го ролатот, па внимателно извлечете ја иглата.
Истата постапка правете ја додека се потрошат сите кори.
Од кога ке ја наредите во тава, исечете парчиња со нож, па ставете ја тавата во загреана рерна, да се пече околу 40-тина минути, т.е додека се заруменат корите. Готовата баклава тргнете ја да се олади.

За шербет, во тенџере на оган, ставете ја водата и шеќерот, да се растопи, па додајте ја ванилата. Од кога ќе зоврие, оставете на тивок оган да проврие уште 15-тина минути. На крај додадете го сокот од лимонот.
Важно е да се знае дека на топол шербет, оди ладна баклава или обратно.

Послужете наредниот ден, кога баклавата убаво ќе впие од шербетот.
На здравје