Испечати

Торта за мама

Торта за мама

Состојки

  • за тесто
  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 6 лажици мелени фстаци
  • 1 прашок за печиво
  • за прелив на тестото
  • 1/2 лимон (исцедениот сок)
  • 3 лажици мед
  • по желба рум
  • за фил
  • 400 гр бело чоколадо
  • 250 гр путер (собна температура)
  • 6 лажици мелени фстаци
  • 5 лажици мелени бисквити
  • 4 дл слатка павлака

Подготовка

Уште една роденденска овој пат моја. Денес си го славам 34-тиот роденден. Тортава прв пат ја правев и искрено се изненадив од вкусот, а и од позитивните критики на домашните. Подготовката оди вака

Скршете ги јајцата и во посебни садови за матење поделете ги жолчките од белките. Во жолчките додајте го шеќерот и матете додека не згуснат и не ја променат бојата. И белките изматете ги во цврст снег. Во садот со жолчките додајте ги мелените фстаци, брашното помешано со пециво и снегот од изматени белки. Убаво промешајте да се изедначи смесата.

Во тркалезен калап со оквир истурете ја смесата за тесто. Печете на 180 степени 25 мин. Оставете тестото да се излади за да може убаво да го пресечете на половина.

Чоколадата искршете ја на парчиња во подлабок сад и на тивок оган со постојано мешање растопете ја. Оставете и таа да се излади.

Путерот пенесто изматете го и соединете го со растопеното бело чоколадо. Додајте ги преостанатите мелени фстаци и мелените бисквити.

И слатката павлака изматете ја до потребната густина

Во сад исцедете половина лимон со 3 лажици мед и рум и промешајте. Со оваа мешавина попрскајте ги двете половинки тесто.

Првата половина од тесто вратете ја во калапот со оквир. Врз неа нанесете го филот со путер и чоколадо. Може ќе ви изгледа течен, но брзо се стегнува, а оквирот не му дозволува на филот да се разлее. Врз него нанесете половина од слатката павлака. Прекријте со втората половина од тестото. Повторно намачкајте со филот од чоколадо и завршете со слатка павлака. Оставете тортата на се излади во фрижидер неколку часа. Декорирајте по желба со остатокот од слатката павлака.

На здравје